Лекарите открија: Овие болести најчесто погрешно ги дијагностицираме

од desk4
253 прегледи

Поставувањето вистинска дијагноза на пациентот е една од најтешките работи во медицината, особено ако има симптоми кои се поклопуваат со повеќе болести и нарушувања. Во исто време, ако лекарот направи грешка, таа може да го чини живот на пациентот.

Спроведено е истражување помеѓу пациенти кои биле погрешно дијагностицирани и како тоа завршило за нив и за лекарите. Се проценува дека само во САД годишно се поставуваат околу 40.000-80.000 погрешни дијагнози, од кои дел завршуваат фатално.

Pixabay

Поради тоа, експертите спровеле студија и анализирале повеќе од 11.000 пријавени случаи на погрешно дијагностицирање за да утврдат кои состојби најчесто се погрешно дијагностицирани.

„Постојат околу 10.000 болести, од кои секоја се манифестира со различни симптоми, така што може да биде малку обесхрабрувачки размислувањето дека може да се искорени оваа појава во целост“, вели д-р Дејвид Такер, директор на Институтот за успешна дијагностика во САД.

Големата „тројка“

Научниците откриле дека бројот на здравствени состојби поврзани со најчестите дијагностички грешки е изненадувачки мал. Всушност, се работи за три различни болести со кои најмногу се греши: бактериски инфекции, кардиоваскуларни проблеми и карцином.

Научниците испитувале колку се сериозни и вообичаени грешки и каде најчесто се прават.

Најголемиот дел од лекарските грешки што предизвикале смртни последици или сериозно оштетување се поврзани со тумори. Овие грешки се застапени со околу 33% во случаите. Погрешно дијагностицирање кај кардиоваскуларни проблеми се јавува кај 22% од случаите и 13,5% кај инфекции.

Благодарение на ова истражување е создадена „мапа“ на погрешни дијагнози. На самиот врв на погрешно дијагностицирани нарушувања се рак на бели дробови, мозочен удар, сепса, срцев удар, меланоми, рак на простата и рак на дојка. Лекарите веруваат дека благодарение на ова мапирање ќе успеат во иднина да најдат начин погрешната дијагностика да се сведе на минимум, со надеж дека ќе се развијат доволно напредни медицински методи, со кои и би се искоренила оваа појава.

Слични содржини