Лекарската комора не ги открива имињата на докторите за случајот на родилката од Дебар

од Берта Китинска
368 прегледи

Не се познати имињата на членовите кои го правеле надзорот,  нивната безбедност е гарантирана за да не им се вршат притисоци, вели д-р Калина Гривчева – Старделова која е претседателката на Лекарската комората, за случајот на родилката од Дебар која по породување со царски рез дома си замина без бубрег.

Таа не соопшти детали од извештајот за стручниот надзор на родилката оти нејзе не и биле достапни.

„ Постои Закон за права на пациенти, само одредена група може да ги разгледа и да донесе свое мислење околу редот на нештата. Извештајот се доставува до Министерство, до барателот на стручниот надзор и до установата во која е правен“, објасни претседателката Гривчева – Старделова.

Претседателката рече дека лекарска грешка утврдуваат судски вештаци, а не комората. Извештајот е доставен до Министерството за здравство, што според Комората ќе го има крајниот збор.

Работењето на лекарот Мухамед Асани во Извршниот одбор на Лекарската комора е во мирување, додека се расчисти случајот со родилката од Дебар.

Слични содржини