Божиќните и новогодишните празници се проследени со обилни трпези и многу алкохол што си носи свои последици. Освен со натрупаните вишоци килограми, мамурлакот е другиот проблем со кој треба да се справиме.
Сауна, аспирин со сода, лута пиперка и пиво се само дел од лековите, кои ги користиме, за да се почувствуваме подобро. Споделуваме уште неколку испробани рецепти против мамурлук, кои ќе ви помогнат.
Сок од кисела зелка
Еден од најдобрите лекови за мамурлак, кој ќе ви помогне и да ги ресетирате електролитите во организмот. Испијте една чаша од него, а ако немате, може да го замените со сок од кисели краставички.
Пијалок со ракија
Направете си убаво кафе. Во него додадете парче лимон и 2-3 лажици ракија.
Рицинус и млеко
Затоплете добро една чаша млеко и кон неа додајте 2 лажици рицинус. Оставете малку да се излади и испијте.
Цеден цитрус
Направете си свеж сок од лимон и портокал и кон него додадете мед за сладост. Ова ќе ви даде повеќе енергија и витамини.
Коктел со сок од домати
Направете си освежувачки коктел од сок од домати, жолчка, сол, црн пипер, малку сок од лимон и ако имате лута пиперка.
Пијалок со живо јајце
Во чаша измешајте 1 јајце, 1 лажица оцет, сол и црн пипер. Измешајте добро и пијте на мали голтки. По оваа комбинација ќе се чувствувате многу подобро.
Чај од нане со ѓумбир
Задолжително по будењето направете си чај од нане, кон кој ќе додадете мало парче свеж ѓумбир. Нането ќе го смири стомакот, а ѓумбирот ќе се справи со гадењето и болката во главата.
Јадете банани
Кога станува збор за соодветната храна, која може да ви помогне да го намалите нерасположението при мамурлак, бананите се соодветни. Кога конзумирате алкохол нивоата на калиум во организмот се намалуваат. Затоа е важно да каснете неколку банани, за да го ресетирате балансот на калиум.