Лесна победа на Голден стејт, Богдановиќ со партија на кариерата им „пресуди“ на Булси

од desk2
105 прегледи

Голден стејт стигна до убедлива победа на гостувањето против Орландо со 112-133. Гостите од самиот почеток се стекнаа со предност, која ја одржуваа до саммиот крај на натпреварот.

Воините до победата ги предводеше Клеј Томпсон со 27 поени, додека на спротивната страна најдобар поединец беше Арон Гордон со 29 поени.

Вашингтон славеше против Детроит со 109-91, предводен од Маркиф Морис кој мечот го заврши со 23 поени. Кај гостите добра партија пружи Тобиас Харис кој броеше до 15.

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ ја имаше партијата на кариерата откако пристигна во НБА лигата, донесувајќи за Сакраменто нова драматична победа од 107-106 против Чикаго.

Откако претходно имаше поени за триумф и над шампионот Голден стејт, сега Богдановиќ им пресуди и на Булси од линијата за слободни фрлања. За 30 минути игра постигна 19 поени, дополнети и со 4 асистенции, три скока и украдена топка.