Лесните цигари се особено опасни за здравјето

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Т.н. благи цигари / “лајт” / се исто толку опасни за здравјето, како и обичните. Според научници тие придонеле за ширењето на форма на рак на белите дробови – “аденокарцином”. Научниците од пет центарот за истражување на ракот во САД стигнале до заклучок дека овие цигари со филтри со минијатурни дупчиња, придонеле за дистрибуција во последните години на оваа форма на рак кој се развива длабоко во белите дробови.

Во моментов овој вид рак е најмногу распространетиот кај пушачите. Инциденцата на другите форми на малигни тумори на белите дробови е намалена во последните децении, додека на оваа форма се зголемила.

Според научниците дополнителните дупчиња во филтрите на овие цигари, кои производителите ги наметнуваат со сугестијата дека се безопасни, придонеле за ширењето на аденокарцином на белите дробови во последните дваесет години.

Овие филтри го менуваат начинот на согорување на тутунот, што доведува до повеќе канцерогени материи во форма на фини честички, достигнувајќи најдлабоко во белите дробови, каде се развиваат најчесто аденокарциноми. Во моментов на производителите на цигари е забрането да стават на кутии натписи “лесни” или со “намалена содржина на катран”.