Лесното оружје од Балканот е „главна закана за европската безбедност“, тврди Франција

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Mилиони парчиња лесно оружје на Балканот се „главна закана за европската безбедност“, нагласи денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дриан.

-Тоа оружје е „главна закана за европската безбедност“, изјави Ле Дриан.

Неговиот германски колега Хајко Мас кој рече дека „таквата ситуација е неприфатлива и дека терористи и криминалци и понатаму убиваат луѓе во Европа“.

Европол оценува дека моментно на Западен Балкан има меѓу 3 и 6 милиони парчиња огнено оружје, изјави францускиот министер мислејќи на Хрватска, БиХ, Албанија, Косово, Македонија, Србија и во Црна Гора.


Двајцата министри се состанаа во рамки на француско-германска координациска иницијатива за сузбивање на криумчарење огнено оружје на Западен Балкан покрената во крајот на 2017 година и која има план за акција до 2024 година.

Во нападите во Франција во 2015 година терористите користеле оружје незаконски набавено во тоа подрачје, истакна францускиот министер.

Францускиот судија Роберт Гели, кој суди за криминал и одлучува за помилувања, оцени во 2016 година дека српски криминални групи се појавиле во третина истраги во Франција за меѓународен шверц на оружје.

Извршителите на нападите од 13 ноември 2015 година во Париз и околината за кои одговорност презеде Исламска држава, имале автоматски пушки „Застава“, српско производство.