403
МВР во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за возач почетник, 55 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.