Летните вируси демнат! Само чистите раце штитат од зараза

од desk3
77 прегледи

Чистите раце штитат од летни вируси и инфекции. На оваа препорака, потсетуваат лекарите.  Ентеровирусите се најголемиот проблем кај вирусните инфекции во летната сезона.

“Препораката е: чисти раце. Човек треба задолжително да си ги мие рацете, кога ќе се врати дома и да ги воспита своите деца да си ги мијат рацете како што треба. Тоа е основното – миење на рацете со сапун”, препорачуваат вирусолозите.
Лекарите репорачуваат и по каснување од крлеж да се направат испитувања. Ако се утврди зараза, треба да се препише антибиотска терапија.