Лето без рестрикции

од Берта Китинска
490 прегледи

Повеќе нема полициски час, се дозволува на отворено организирање на концерти, журки во летни ноќни клубови, но со максимум 1.000 лица.  Од денес и на свадба ќе може да присуствуваат повеќе од 100 гости, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на ресторанот.

Угостителите ќе можат да работата како пред пандемијата. Сепак и натаму  рестораните за свадби без летни тераси остануваат затворени. Останува и мерката музичарите да можат да свират само на свадби, без играње ора.

Олабавувањето на рестрикциите се должи на подобрување на епидемиолошката слика во земјава која според здравствените власти е стабилна и го дозволува тоа.

Вчера беа регистрирани 29 нови случаи, немаше починати лица од ковид 19. Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

Слични содржини