Летовите Скопје-Софија во понеделник и сабота

од Берта Китинска

Првиот лет на бугарската авиокомпанија ГуливЕр на релацијата Софија- Скопје ќе биде на 26 март 2022 година.

Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник.

-Обновувањето на летовите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важен чекор за подобрување на транспортната поврзаност меѓу двете земји. Оваа заложба беше преземена од бугарската влада и веќе е реализирана благодарение на нашето добро партнерство со мојот македонски колега Благој Бочварски, кажа министерот Николај Сабев, цитиран од неговиот прес-центар.

Сабев нагласи дека се работи и на тоа што поскоро да се изгради железничка врска меѓу двете земји.

На 11 февруари беше воспоставена авиолинијата.

-Ги поврзуваме Скопје и Софија и по воздушна линија. За само 35 минути слетавме во Скопје. Во првиот лет заедно со колегата Бочварски и со министерот и заменикот за транспорт и министерот и заменичката за туризам на Бугарија, како и со бројна делегација бугарски туроператори и новинари, објави на социјалните мрежи министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Слични содржини