Drumi на компанијата Yirego е брилијантна машина за перење која не троши струја, а ја управувате со нозете. Машината треба да почне да се продава летово. Drumi користи 6 до 12 литри вода за едно перење и може да испере повеќе од 2 кг алишта за околу 5 минути, пишува Inhabitat.

Потоа, моделот кој ќе се произведува е понизок од претходниот модел. Yirego го помести центарот на гравитација за поголема стабилност и истрајност. Исто така, поради коментарите на луѓето дека една валкана машина може да предизвика кожни заболувања, сега корисниците можат да го извадат барабанот на новата Drumi и лесно да го исчистат.