„Личи како да има 110 кила“: Селена Гомез ги шокира обожавателите со нејзиниот изглед (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Младата пејачка и актерка Селена Гомез ретко се појавува во јавноста, па нејзините фотографии направени за време на прославата на Денот на независноста на Америка заинтригираа многумина.

Имено, 28-годишната Селена е снимена во друштво на блиски пријатели и 33-годишниот италијанско-канадски продуцент Андреа Иерволина. Двајцата соработуваа во 2016 година на снимањето на филмот „Неизвесна битка“, а пред две години таа беше на неговата роденденска забава во Италија. Имајќи предвид дека имаше гласини дека меѓу нив има нешто повеќе од деловна и пријателска врска, нивното повторно обединување предизвика големо внимание.

Меѓутоа, обожавателите се изненадени од природниот изглед на Селена, кој е доста поразличен од оној на фотографиите што ги објавува на својот профил на Инстаграм, каде во моментов ја следат 242 милиони луѓе. Селена обично споделува со нив беспрекорно средени фотографии на кои изгледа фантастично.

Но, вакво издание недостасуваше овој пат, а таа го привлече вниманието со лицето без никаква шминка и широката преголема облека, но обожавателите велат и дека многу се здебелила и личи како да има 110 кила.

Слични содржини