Лидерите на ЕУ денес во посета на Турција: Ќе се презентираат барањата на Сојузот

Денес претседателите на европските институции ќе ги претстават условите на Европската унија (ЕУ) за постепено обновување на економските односи пред претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и ќе разговараат за поддршката на бегалците.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, патуваат во Турција со „патоказ“, во кој се содржани одлуките на лидерите на ЕУ од самитот одржан на 26 март.

Разговорите во Анкара ќе бидат „многу политички момент“, но нема да се зборува за преговори, изјавија дипломатски извори во Брисел.

Водачите на ЕУ, кои треба да разговараат за Турција во јуни, го одобрија на неодамнешниот самит „постепен и условен пристап кон зајакнување на соработката во голем број области од заеднички интерес“.

ЕУ е подготвена да започне модернизација на царинската унија, да го продолжи дијалогот на високо ниво и да преговара за олеснување на визниот режим за турските граѓани.

Во отсуство на напредок, извештајот на европскиот министер за надворешни работи Џосеп Борел наведува неколку опции, вклучително и санкции за туристичкиот сектор во Турција.

Турција ги критикуваше заклучоците од самитот на ЕУ, истовремено ветувајќи дека ќе одговори со „позитивни чекори“ на евентуалниот гест на Унијата.

Слични содржини