Лидерите на ЕУ се договорија да ги продолжат уште шест месеци санкциите кон Русија

од desk4
78 прегледи

  Лидерите на ЕУ се договорија на средбата на  врвот во Брисел да ги продолжат економските санкции кон Русија за шест месеци, до крајот на јануари, поради анектирањето на украинскиот полуостров Крим и да дадат поддршка за бунтовниците, кои се борат заедно со владините трупи во источна Украина.

Санкциите се наложени на руски банки, одбранбени фирми и нафтени компании и забрана за Европејците да инвестираат во Русија. Тие беа наложени во текот на летото на 2014 година, во екот на кризата во Украина, неколку месеци откако Русија го анектира Крим, а проруски бунтовници започнаа офанзива во источна Украина.

Покрај тоа, ЕУ воведе санкции за речиси 150 луѓе, вклучувајќи и соработници на рускиот претседател Владимир Путин. Нивните средства во европските банки се блокирани и немаат право на визи за ЕУ.