ЛИДЕРИТЕ ПИЈАТ ЕСПРЕСО, СОНУВАЧИТЕ КАПУЧИНО! Што кажува изборот на кафе за вашата личност?

од Vladimir Zorba

Еве што кажува вашето омилено кафе за вашиот карактер:

1. Еспресо

Ова кафе е брзо и лесно, исто како вас. Не заобиколувате, туку кажувате што мислите и правите како што сакате. Сакате да бидете одговорни и да ги критикувате другите за да им ги отворите очите.

2. Двојно еспресо

Вие сте тип на човек кој размислува логично. Многу сте практични, не сте подложни на промени во расположението. Вредни сте, имате јасни, концизни идеи и го давате најдоброто што можете на работа.

3. Ристрето

Ристрето е всушност скратено еспресо, односно иста количина мелено кафе, но извлечено со пофино мелење со помалку вода. Сепак, баристите ширум светот велат дека повеќето луѓе не можат да проценат дали добиле еспресо или ристрето. Затоа се смета дека такви луѓе се претежно оние кои сакаат да се пофалат со „фенси“ изрази, а себеси се сметаат за крајно софистицирани личности, иако вистината е далеку од тоа.

4. Еспресо со млеко

Ако пиете кафе со млеко, може да имате проблем со донесување одлуки. По природа сте опуштени и како резултат на тоа, не сте загрижени за претерано анализирање на секоја одлука. Сакате удобност. Вашето утринско кафе со млеко е само една од оние мали удобности што го прават животот навистина вреден.

5. Макијато

Станува збор за еспресо со „трошка“ млеко, а оние кои посебно уживаат во овој вид кафе се добро организирани, прават се и постигнуваат на време, сигурни се и лојални. Сакаат да дозираат задоволства, но не претеруваат со нив.

6. Лате

Вие сте некој кој ужива во удобноста, но и некој кој сака да им угодува на луѓето. Исто како и вашето лате, сакате да ја ублажите „горчината на животот“. Опуштени сте, доверливи, реални, но имате проблеми со донесувањето одлуки.

7. Капучино

Ако секогаш избирате капучино, тоа значи дека сте романтична и оптимистичка личност, со софистицирана природа. Креативни сте, имагинативни, сонувачи, малку мистериозни. Проблемот е што вашите цели се краткорочни и брзо се откажувате од нив. Често сте нереални, не само кога ги анализирате другите, туку имате и погрешна слика за себе.

8. Ирско кафе

Баристите ширум светот се согласуваат – љубителите на ирското кафе, најмногу припаѓаат на „легендите“ кои оставаат големи бакшиши. Тие се гласни, интересни, директни.

9. Домашно (турско) кафе

Овие луѓе немаат време за „несови, еспресо и други глупости, оти тоа не е кафе“. И знаат – домашно, малку појако, со или без шеќер, па „натенане“. Сакаат да го „растегнат“ тоа утринско кафе повеќе од се, уживаат, па не треба да ги вознемирувате додека не ја завршат првата шолја. Нема „лабаво“ со нив, знаат што, кога и каде сакаат и може да се каже дека се многу одвоени луѓе.

10. Ледено кафе и фрапучино

Во повеќето случаи, ваквите луѓе се во чекор со трендовите и сакаат да пробуваат нови работи. Често се многу креативни, но можат да бидат и површни.

Слични содржини