Лидија Вукичевиќ со трогателни зборови се прости од Борис Комнениќ

од Vladimir Zorba
559 прегледи

Веста дека почина актерот Борис Комнениќ и музичарот Александар Сања Илиќ, растажи многумина. Од овие двајца великани, многу луѓе се простуваат денеска по социјалните мрежи.

По повод смртта на Борис Комнениќ, но и Сања Илиќ, актерката Лидија Вукичевиќ зборуваше со трогателни зборови.

– Мојот Боки, мојот телевизиски брат … и беше брат, пријател, беше голем и посебен, нека ти биде лесна земјата, јас секогаш ќе те сакам – напиша Лидија Вукичевиќ на Инстаграм.

Да потсетиме, познатата актерка играше заедно со Борис Комнениќ во легендарната серија „Подобар живот“. Лидија ја играше Виолета Попадиќ, а Борис го играше нејзиниот брат, Саша „Гуза“ Попадиќ.

Слични содржини