Лига на нации: Македонија во група со Бугарија

од Nikola Popovski
459 прегледи

После ждрепката во Нион, познато е дека фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во групата 4 од дивизијата Ц во новата сезона од Лигата на нации, а најинтересно е што ќе се соочиме со селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Нашиот источен сосед би требало да биде и нашиот најголем ривал за првото место во групата 4, што носи промоција во поквалитетната Лига Б.

Натпреварите од Лигата на нациите ќе се играат во термините во јуни следната година и во септември наредната година.

Само првопласираните селекции од секоја од групите ќе обезбедат место во плеј-офот кој ќе се игра во јуни 2023 година. Само најдобрата репрезентација од плеј-офот (полуфинале па финале) ќе обезбеди место на ЕП 2024.

Слични содржини