Лила Стојановска на почетокот на сведочењето на рочиштето за „Рекет“ изјави дека не е скарана со никој, меѓутоа дека веќе не е блиска пријателка со првообвинетиот Бојан Јовановски.
– Бојан го знам скоро 17 години. Прво бевме блиски пријатели, па бевме неколку скарни, па после пак се смиривме, вели таа.
Стојановска сведочеше и дека Јовановски и побарал донација од 20.000 евра за 1ТВ,пари кои таа ги дала за да му помогне.
– Во 2018 година на Бојан му позајмив 500 илјади денари. Мене никој не ми дал позајмица од „БМЈ Медиа“, јас бев таа која даде позајмица, посочи Стојановска.
Таа додаде и дека биле неколку пати на викенд на одмор.
– Дента кога Боки беше уапсен, планиравме да одиме во Миконос. Одморот беше планиран од Бојан. Тој кажа дека се е организирано, а веројатно се беше платено однапред, додаде таа.
И.Р.
Фото: Борче Поповски