Американскиот производител „Lincoln“ експресно го распродаде „Continental 80th Anniversary Coach Door Edition“ вреден 110.000 долари.
Луксузниот седан во ретро стил со задни врати кои се отвораат во спротивна насока од предните, т.н. „suicide doors“ е направен во само 80 примероци.
И покрај цената, овој луксузен „Lincoln“ привлече огромно внимание, па беше распродадена целата серија од ова возило, а брендот кој е во сопственост на „Ford“ ќе го прошири производството на овој специјален модел.
Суперлуксузниот ентериер опремен со специјални седишта со систем за подесување на дури 30 начини, со што се постигнува секој да ја заземе идеалната позиција за време на возењето.
Тука е уште и системот за активна контрола на надворешната бучава, како и премиум аудио уредот „Revel Ultima“.
Со цел патниците кои се возат позади да уживаат во максималниот комфор, „Lincoln“ наместо класичната „клупа“ постави кофигурација од две седишта во форма на фотелји, додека меѓуосовинското растојание е продолжено за 15-тина сантиметри.
Под хаубата се наоѓа 3.0-литарски V6 twin-turbo со 406 ks (298 kW) и 542 Nm, a светската премиера беше пред само седум дена.