Американската ѕвезда во алпско скијање, Линдзи Вон има мисија на Олимпијадата во Пјонгчанг и таа не е само да освојува медали. Поранешната девојка Тајгер Вудс објави порака на Твитер, за да потсети дека таа е слободна.
„И така, денес е Денот на вљубените. Нема да празнувам, бидејќи сум на Олимпијада и затоа сум сама. Има ли уште некој без партнер кој сака да биде мојот Валентин?“, напиша олимписката шампионка во спуст од 2010 година во социјалната мрежа.
Под пораката почнаа да се појавуваат стотици коментари, а ја издвојуваме пораката на француската ѕвезда во бијатлон, Мартен Фуркад кој се обидува да ја поврзе Вон со ски-тркачот Ришар Жув.
„Еј Линдзи, мојот пријател Ришар Жув е најдобар Валентин кој можеш да го најдеш“, пишува Фуркад.
So apparently it’s Valentine’s Day….I forgot all about it because I’m at the #Olympics and I’m single. Anyone else out there single and want to be my valentine? ??♀️ #worthashot
— lindsey vonn (@lindseyvonn) February 14, 2018