„Линкин парк“ креваат плоча на Честер Бенингтон

од Vladimir Zorba

Музичарите од “Линкин парк” соопштија дека ќе подигнат спомен плоча на својот вокалист Честер Бенингтон, кој пред еден месец се самоуби. Во соопштението на “Фејсбук” групата посочи само дека “специјалниот јавен настан” ќе се одржи во Лос Анџелес, а повеќе детали ќе бидат откриени подоцна.

“Сакаме да им се заблагодариме на сите наши обожаватели ширум светот за огромниот излив на љубов, кој ни даде сила на духот  за време на овие неверојатно тешки времиња”, напиша бендот.

Бенингтон беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес на 20 јули. Во годините 41-годишниот музичар страдаше од проблеми со алкохолот, дрогата и психолошка траума, искусена во детството.

Слични содржини