Лиса Кудроу снимила сцени за специјалната епизода на „Пријатели“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Лиса Кудроу беше гостин на подкастот на актерот Роб Лоу, каде рече дека веќе има снимено неколку сцени за време на пред-продукција, додека снимањето започнува на почетокот на пролет.

Засега сè уште нема детали за тоа кога специјалното издание ќе се појави на HBO Max, бидејќи снимањето неколку пати се одложуваше поради пандемијата.

Сите актери се враќаат за снимањето – Џенифер Анистон, Метју Пери, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Кортни Кокс и Дејвид Швимер.

Деталите за заплетот се уште не се познати, а името на специјалното издание исто така не е познато. Единствено е сигурно дека ќе се снима во истото студио каде е снимен оригиналот.

Слични содржини