Денес, на Светскиот ден на бегалците, Гардијан дистрибуира листа на 34.361 мигранти и бегалци за кои се знае дека починале на границите на Европа, обидувајќи се да најдат нов дом.
На листата се наведени само бегалците чија смрт е евидентирана. Стапката е сигурно далеку повисока од 34.361. Многу повеќе смртни случаи остануваат неевидентирани. Мигрантите гинат на море или во камиони; во опасни услови во кампови, или од напади на екстремно десничарски групи. Често екстремниот стрес од нивната ситуација ги наведува во состојба да си ги одземат животот.
Истанбулскиот уметник Бану Ченетоглу, кој го истражува начинот на кој информациите се собираат и дистрибуираат и се создава „знаење“кое потоа има ефект врз општеството, работи на Листата од 2002 година.
Промероци оставила на автобуските постојки во Базел, Швајцарија; под билборди во Амстердам; на ѕид во Лос Анџелес; во рамки на простор за реклами во Берлин; и на јавен екран на врвот на истанбулскиот хотел Мармара Пера.
Ова е првпат Листата да се појави како додаток во весник на англиски јазик, а од денес достапна е и за преземање на веб страната на Гардијан.
Листата не е уметничко дело само по себе – уметноста лежи во нејзината дисеминација. Ченетоглу секогаш гарантира дека изгледот на листата останува ист – мрежа на податоци со годината, името на бегалецот, од каде потекнува, причината за смртта и изворот на информацијата.
Најновата верзија на Листата беше апдејтирана на 5 мај 2018 година. Слични материјали беа објавени од страна на новинарите на Гардијан, користејќи ја листата како извор, за да известуваат како се менува обликот на бегалската криза со текот на годините.
Листата го прикажува обемот на бегалската криза и човечкото страдање што го предизвика во текот на изминатите 25 години – мизерија која се чини дека нема крај.
извор: Гардијан