Лицата родени во овие знаци најчесто се разведуваат

од desk4
346 прегледи

Ако сте родени во некој од овие хороскопски знаци, добро размислете пред да се решите за брак, бидејќи имате поголеми шанси за развод од останатите знаци од зодијакот. А ако не сакате развод, размислете дали сте подготвени на авантура со некој од овие знаци:


Близнаци
Превртливите Близнаци еден ден сакаат едно, друг ден нешто сосема други, па со причина се на оваа листа бидејќи од нив никогаш не знаете што можете да очекувате. Исто така, сакаат да ги идеализираат партнерите па лесно можат да се разочараат во нив ако сфатат дека не се совршени како што ги замислуваат.

Водолија
Водолиите ја сакаат својата независност и најдобро се чувствуваат кога се сами, поради што важат и за најосамен знак во зодијакот. Ако се почувствуваат „загушени“ во врската или бракот, големи се шансите да ја прекинат и побараат развод бидејќи слободата им е на прво место.

Јарец
За разлика од Близнаците и Водолијата, Јарците обично не се тие кои бараат развод, туку најчесто тоа го бараат нивните партнери. Имено лицата родени во овој знак се трудат да ги импресионираат св оите партнери додека добијат што сакаат, а тоа е најчесто брак и потоа престануваат да се трудат за било што.

Стрелец
Стрелците обожаваат флерт и не можат да се воздржат од него дури ни кога се во брак, што на нивните партнери воопшто не им се допаѓа, па по некое време разводот е неизбежен. Ретки се тие кои можат да издржат со типичен претставник на овој знак.

Шкорпија
Баш како Стрелецот, Шкорпиите не пропуштаат прилика за флерт, а знаат и да ги изневеруваат парнтерите. Покрај тоа знаат да бидат љубоморни и посесивни во бракот или врската, што ретко кој може да го трпи.

Слични содржини