Лицата со попреченост на протест: Бараат поголема свесност за нивните потреби

од desk4

Под мотото „Имам право на достоинствен живот“, протестираа луѓето со попреченост, нивните семејства и здруженијата. Велат дека бараат еднаквост во општеството.

Според претседателка на здружението „Дајте ни крилја“ Ребека Јанковска-Ристески, потребна е поголема свесност за проблемите на овие лица.
-Еден ден можеби и тие ќе бидат лица со попреченост, еден ден можеби и тие ќе имаат внуче, син, ќерка.. Едноставно кај нас во државата свесноста одамна престана да постои. Можеби ќе излегуваме и многу почесто на протести, многу работи не ни се допаѓаат. Јас сум тука како родител, како пријател на ова група луѓе, колку можам помагам, но, навистина веќе е доста. Мора да ни ги дадат правата кои ги бараме. Тоа се основни човекови права, право да излеземе надвор, право да живеем, рече Јанковска.

Лицата со попреченост бараат итно покачување на додатокот за попреченост на сите категории, изедначување на биолошките семејства со згрижувачките, но и остварување на правото да работат и да имаат непречен пристап до работното место, соодветен животен стандард, право на домување. Меѓу барањата се и овозможување пристап до ин-витро оплодување за жени со попреченост, но и намалување на старосната граница за додаток за попреченост и тргање на возрасната граница за добивање електромоторна инвалидска количка.

Невладинте здруженија своите барања, до Владата ќе ги достават утре.

Слични содржини