Германски научници открија дека формата на лицето ја издава желбата на жената да доминира, објави “Мејл он сандеј”. Кога тоа е пошироко, сопственичката потсвесно се стреми кон влијание и власт и е поверојатно да успее.
Со широки лица се Ангела Меркел, Хилари Клинтон, Софи Елис-Бекстор.
Психолозите од Универзитетот “Фридрих Александер” во Баварија го испитуваа ефектот на интензивната хормонална активност во мозокот и растечкото тело за време на пубертетот. Теоретски такви промени ги обликуваат фацијалните коски и придонесуваат за развој на зони во мозокот поврзани со мотивацијата и однесувањето.
Научниците ја измериле широчината и височината и го пресметале односот на растојанието помеѓу левата и десната јаболчница кон растојанието помеѓу горната усна и веѓите. Повисоки вредности на овој коефициент имаат луѓето со широки лица кои се сметаат за помалку мажествени.
Тестовите за мерење на “скриена потреба од власт” со 231 доброволец покажале поврзаност меѓу широкото лице и стремежот кон влијание, но само за жените.