Најмалку шест лица загинаа, а 15 се ранети во инцидент на брегот на реката Хадсон во јужниот дел на Менхетн во Њујорк, јавија американските медиуми.
Њујоршката полиција соопшти дека возило движејќи се во спротивна насока на велосипедска патека прегазило неколку луѓе, пред да удри во друго возило. По ова возачот излегол од возилото и извадил имитација на огнено оружје, по што бил застрелан од полицајци и уапсен.
Полицијата информира дека инцидентот го третира како терористички акт, но не соопшти официјални податоци за бројот на загинати и ранети. 
Инцидентот се случил пред зградата на елитна државна гиманзија во близина на седиштето на локалната власт на Њујорк, област која се наоѓа во близина на Светскиот трговски центар.
Извор од полицијата соопштил за телевизија Си-Ен-Ен дека возачот излегол вооружен од камионот и бил застрелан , по што бил приведен и ќе биде однесен во болница за лекување.
Ројтерс повикувајќи се на владини извори објави дека нападот во Њујорк е терористички чин .
Федерално биро за истраги (ФБИ) се приклучија во истрагата за нападот на припомош на полициската станица на Њујорк .
Според Њујорк пост, има шестмина потешко повредени во нападот.
Очевидци тврдат дека виделе комбе како прегазило две лица, како потоа се врежало во училишен бус . “Откако истрчал од возилото мажот имал 2 пиштола. Потоа пукнал 4-5 пати”, изјави 14-годишно момче, кое било сведок на инцидентот.
.
Пред локалните медиуми, очевидци рекоа дека возилото поминало низ велосипедска патека и ги прегазило пешаците и велосипедистите, објави АП. Фото-новинар на агенцијата видел најмалку едно лице што лежи на местото на настанот. .
UPDATE: NBC shows video of what appears to be the suspect running down the street with 2 guns in his hands pic.twitter.com/YCC4khXNX0
— News_Executive (@News_Executive) October 31, 2017
Потоа, област недалеку од Светскиот трговски центар беше блокирана
Еве го преносот во живо во моментот на местото на терористичкиот напад
https://www.facebook.com/DailyMail/videos/3036599429733118/

