Дерби натпреварот од 5.коло во англиската Премиер лига синоќа одигран во Лондон му припадна на гостинот од Ливерпул кој со 2:1 му го нанесе првиот пораз на Челзи оваа сезона.
Головите за „црвените од Енфилд“ ги постигнаа Дејан Ловрен во 17. Минута и Џордан Хендерсон во 36. минута од средбата. За Челзи погоди Диего Коста во 62. минута.
Денеска играат:
Хал – Арсенал,
Лестер – Барнли,
Манчестер Сити – Борнмут,
ВБА – Вест Хем и
Евертон – Мидлзброу.
Петтата премиерлигашка рунда ќе биде комплетирана утре со средбите:
Вотфорд – Манчестер Јунајтед,
Кристал Палас – Стоук,
Саутемптон – Свонси и Тотенхем – Сандерленд.
Табела: Манчестер Сити 12 бода, Евертон 10, Челзи 10, Ливерпул 10, Манчестер Јунајтед 9, Тотенхем 8,../МИА