Ливерпул поуспешен од ВБА

од Vladimir Zorba
65 прегледи

 

Фудбалерите на Ливерпул вчера ја постигнаа шестта победа во Премиер лигата откако вечерва на „Енфилд“ го совладаа тимот на ВБА со 2:1.25990-seidu-mane
„Црвените“ поведоа со голот на Садио Мане во 21. минута, а на 2:0 зголеми Кутињо во 35. минута. Голот за гостите го постигна Герет Мек Аули во 81. минута.
На другите дуели од 9.коло одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Бурнемут – Тотенхем 0:0, Арсенал – Мидлсброу 0:0, Барнли – Евертон 2:1, Хал – Стоук 0:2, Лестер – Кристал Палас 3:1, Свонси – Вотфорд 0:0 и Вест Хем – Сандерленд 1:0.
Денеска се играат натпреварите: Манчестер Сити – Саутемптон и Челзи – Манчестер Јунајтед.
Табела: Арсенал 20 бодови, Ливерпул 20, Манчестер Сити 19, Тотенхем 19, Челзи 16, Евертон 15, Манчестер Јунајтед 14