Лога очекува позитивен одговор од Турција за екстрадицијата на Палевски

од Nikola Popovski

Барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14–годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, денес ќе биде испратено во Турција.

Министерот за правда Кренар Лога во изјава за медиуми посочи дека барањето е потпишано од негова страна и преведено на турски јазик.

„Сите списи од Министерството беа преведени на турски јазик. Денеска до крајот на работниот ден исто така и од Јавното обвинителство ќе бидат преведени и веднаш ќе биде пуштено и преку електронската пошта, и преку нашата амбасада . Верувам дека после добивање на нашето барање ќе контактираме и директно со министерот за правда од Република Турција. Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова. Јас верувам дека за релативно кратко време ние ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас да го докажува тоа што се случи“, рече Лога.

На новинарско прашање колку би траела постапката, Лога одговори дека тоа зависи од постапките во Турција.

„Не знам колку ќе ги искористи тие правни лекови да се жали или не. Не можам да кажам колку би траело во овој момент без да ги знам постапките во Турција“, кажа министерот.

Слични содржини