Лога разговараше со пратениците за законски измени со кои ќе се надминат проблемите во Судскиот совет

од Nikola Popovski

Наредната недела за прв пат со физичко присуство ќе се одржи седница на Советот за реформи во правосудниот систем на која ќе се рагледува Стратегијата за развој на правосудството 2023-2027. Министерот за правда Кренар Лога упати покана до ВМРО ДПМНЕ да присуствуваат на седницата и да дадат забелешки за Стратегијата.

На состанокот со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски, на ДУИ, Арбр Адеми и на Алијанса на Албанците, Аднан Незири, на кој присуствуваше и заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, се разговараше за состојбата со Судскиот совет и можноста за законски измени со кои ќе се надминат проблемите со кои се соочува оваа институција.

Министерот за правда Кренар Лога информираше за законодавната агенда, можноста од носење на Закон за амнестија по примерот од 2018 година за полесни кривични дела со што ќе се овозможи растеретување на затворите.

Се отворија и темите за Законите за помилување, за ОТА, за АНБ, за Јавно обвинителство, за катастар , за правда за децата и други.

Координаторите на пратеничките групи му се заблагодарија на министерот за правда Кренар Лога за информациите кои беа споделени со нив и изразија подготвеност за натамошна соработка.

Слични содржини