Актуелно
Почетна / Глобално / Локализиран пожарот на рускиот носач на авиони, повредени 10 лица

Локализиран пожарот на рускиот носач на авиони, повредени 10 лица

Пожарот на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ е локализиран, а утврдено е дека причина за огнот е изведување заварувачки работи во првата единица за напојување, соопшти шефот на Обединетата бродоградна корпорација Алексеј Рахманов.

– Во тој момент се изведуваа работи за замена на единиците за напојување, но искра падна на подот, каде имало истурено гориво, по што дојде до пожар, појасни Рахманов.

Во инцидентот се повредени 10 лица, од кои шест се во критична здравствена состојба, а само едно е со полесни повреди.

Рахманов уште потсети дека по избувнувањето пожар на бродот „Виктор Черномирдин“ воспоставен е стандард при изведување заварувачки работи, кој подразбира присуство на петмина воени контролори во случај заварувачките работи да ги изведува еден човек.

– Прашање е како дошло до пожар ако сите работи се изведувале согласно овој стандард. Одговор ќе добиеме дури откако биде целосно изгаснат пожарот, потенцираше Рахманов.

loading...