Лончар: Србија се подготвува за коронавирусот, апел до граѓаните да не патуваат во Кина непотребно

од Nikola Popovski

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави денеска дека во Србија нема простор за паника по појавата на нов коронавирус во Кина, што се шири и во други земји, и дека контролата на граничните премини ќе бидат зајакната.

Лончар кажа дека Министерството за здравство е во контакт со Светската здравствена организација, но дека од таму се уште не се примени значајни препораки, како што е забрана за патување.

Сепак, министерот ги повика сите во Србија без итна потреба да не одат во областите каде што се има појавено коронавирусот, чии симптоми се треска, малаксалост и отежнато дишење.

-Бидејќи веќе знаеме за постоењето на овој вирус, ќе мора да посветиме осебено внимание затоа што не сакаме да бидеме изненадени, да дојдеме во ситуација дека не сме превзеле мерки кои можеме да ги преземеме, а она што можеме да направиме е да апелираме до сите граѓани кои живеат во Србија, во овој период, без итна потреба, да не одат во областите каде што се појавил вирусот, кажа Лончар.

Доколку веќе се заминати или се вратиле од овие области и имаат какви било симптоми, министерот апелираше да се јават навреме на докторите и истакна дека контролата на граничните премини во Србија ќе биде зајакната.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека новиот коронавирус најверојатно ќе се прошири во другите делови на Кина и евентуално и во други земји во наредниот период.

-Се очекуваат повеќе случаи и во другите делови на Кина и веројатно во други земји во наредните денови, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Досега во Кина, вирусот претежно е концентриран во градот Вухан, иако има изолирани случаи и во Шангај и Пекинг.

Слични содржини