Лондон дава 18 милиони фунти за борба со лажни вести во Источна Европа и за поддршка на независни медиуми на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Во наредните три години британската влада ќе одвои 18 милиони фунти (22,5 милиони долари) за борба против ширењето лажни информации во земјите од Источна Европа и за поддршка на независните медиуми во земјите од Западен Балкан.

-Важно е да се создаваат услови за непречено работење на новинарите, истакна британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант пред планираната Глобален конференција за слободата на медиумите што ќе се одржи на 10 и 11 јули во Лондон.

-Со оглед на фактот дека само 10 отсто од населението во светот има пристап до слободните медиуми, лажните вести и дезинформациите продолжуваат да ги поткопуваат и дестабилизираат јавноста, предупреди Хант.

-Целта на таа конференција ќе биде да работам со моите колеги, за да се договориме за начини на заштита на слободата на медиумите, како и да се подготват казнени мерки против оние кои се обидуваат да посегнуваат на таа слобода, истакна британскиот министер за надворешни работи.

Слични содржини