Лондон не ја признава сметката од 40 милијарди евра што треба да ги плати на Брисел

од desk2
95 прегледи

Велика Британија не признава дека треба да плати 40 милијарди евра за да ја напушти Европската унија, изјави денеска портпаролот на премеирката Тереза Меј.


Весникот Sunday Telegraph јави дека Британија е подготвена да плати 40 млд. евра во рамки на спогодбата за напуштање на европскиот блок, повикувајќи се на неименувани извори во британската излезна стратегија.

„Кога се работи за тој износ, јас не го признавам“, вели портпаролот.

Додава дека Меј јасно ставила до знаење во писмото за активирање на членот 50 дека Британија и ЕУ треба да ги усогласат решението за правата и обврските на Лондон како член на унијата.

До сега се одржани две рунди разговори меѓу Лондон и Брисел за Брегзит. Планирано е Британија да излезе од ЕУ во 2019 година.