Лоренцо Сера: Шпанија за првпат гласаше телематски, беше многу важно да го ратификуваме Протоколот за НАТО

од Aleksandar Todeski
372 прегледи

Шпанија минува низ многу тешки времиња. Сенатот направи нешто што е целосно ново во Шпанија, гласање од далечина, телематско гласање. Беше многу важно да го донесеме Законот за ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, рече амбасадорот на Шпанија во С. Македонија, Емилио Лоренцо Сера по ратификацијата на Протоколот за НАТО во шпанскиот Сенат.

„Одложувањето на ратификацијата во Шпанија се должи на непожелни околности. Ние априлските избори ги повторивме во ноември и тоа е објаснувањето зошто ни требаше толку долго за да го ратификуваме Протоколот. Горди сме што Шпанија, која е земја на правници и многу пати дискутриаме за Законите во најразлични околности, а во случај кога нема формално воспоставена Влада и во моменти кога Сенатот е заглавен и имаме многу ригидни Закони, можам само да кажам извинете“, рече тој.

Амбасадорот се обрати и на македонски јазик и кажа дека му е големо задоволство што Шпанија го усвоила Законот за ратификација на Протоколот за НАТО.

„Ми претставува огромно задоволство што Сенатот на Шпанија го усвои Законот за ратификација на Протоколот за прием на Република Северна Македонија како 30. членка во НАТО. Шпанија и Република Северна Македонија ќе станат и формално сојузници, што веќе и де факто се, продлабочувајќи ги на тој начин пријателските билатерални односи, откако кралот на Шпанија ќе го потпише Законот за ратификацијата и ќе се депонира во Вашингтон, што ќе се случи набргу“, истакна Лоренцо Сера.

Слични содржини