ЛОШИ ПРОГНОЗИ ОД СРБИЈА: „Ќе се зголеми бројот на смртни случаи, наскоро пристигнува и Ламбда сојот“

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Експертите неколкупати досега предупредуваа дека бројот на луѓе кои страдаат од коронавирусот би можел да се зголеми на 3.000 дневно следната недела. Д-р Бранислав Тиoдоровиќ, инаку член на Кризниот штаб на Србија, посочува дека сегашната епидемиолошка состојба е лоша, и дека се движи кон крајно неповолна.

– Ќе имаме поголем број смртни случаи, но и помладите луѓе ќе бидат заразени во поголема мера. Прашањето е, како да се вакцинираат децата на возраст од 12 години и повеќе, кога просветните работници, кои би требало да работат со нив, не се вакцинирани. Исто така родителите, кои се со нив цел ден. Можам да кажам дека тоа е задача што мора итно да се реши. Вакцинацијата не е прашање на демократија туку цивилизација – вели Тиoдоровиќ.

Како што открива Тиoдоровиќ, наскоро ќе се појави видот „Ламбда“ од Перу, додавајќи дека српската популација продолжува да патува на места кои во моментов се жаришта.

– Морам да кажам, нашите граѓани не се однесуваат како што се однесуваат во Германија, Австрија, Франција … Треба да се однесуваат слично – вели Тиoдоровиќ.

Слични содржини