Лошиот однос кон докторите е штетeн за здравјето

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Добриот однос кон лекарите е поврзан со начинот на кој тие ќе ви помогнат.Doctor-and-Patient

Тоа го покажа експеримент на тим од научници, објавен во медицинското списание “Pediatrics”.Според него луѓето кои се однесуваат полошо со своите лекари добиваат неквалитетна медицинска помош.

Во експериментот учествувале 24 различни медицински тима (доктор и две сестри) кои се грижеле за новороденче со некротизирачки ентероколит. На половина од екипите им било кажано дека нивната работа за случајот не е доволно задоволителна, додека кај другите не била направена ваква брутална забелешка.

Резултатите беа тестирани од комисија на независни експерти, која утврдија дека екипите кои биле навредени за квалитетот на работата, се претставиле значително полошо -им требало повеќе време да се дијагностицира болеста и да применат лекување.

Како резултат на тоа научниците дошле до заклучок дека грубиот однос кон лекарите има неповолни последици во однос на третманот што пациентите можат да го добијат.