Многу деца веруваат дека со јадењето моркови ќе можат да гледаат и во темница, но новото истражување покажа кои храни навистина имаат добро влијание на видот.
Важноста на здравата и балансирана исхрана не се однесува само за убавата фигура. Мотивацијата да јадете овошје и зеленчук најчесто се вишокот килограми, но луѓето не треба да ги превидуваат придобивките од здравата храна врз организмот и на одделните органи, како што се очите.
Слепоста напаѓа сѐ повеќе луѓе во светот, а како најчести очни болести се јавуваат катаракта, глауком, синдром на суво око. Експертите предвидуваат дека тоа може да се влоши ако луѓето не почнат да се грижат за видот преку храната која се консумира.
Важно е да се јадат доволно овошје и зеленчук, леб, ориз, компири и други прехранбени производи кои содржат скроб, како месо, риба, јајца, грав и други немлечни извори на протеини, млеко и млечни производи. Многу корисните прозводи за очите се лососот, сирењето, црвеното вино и ф’стаците. Научниците ја нагласуваат потребата од обезбедување на четирите основни групи хранливи материи, вклучувајќи витамини и минерали C и E, цинк, селен и бакар.