Група научници истражуваат пештери во југозападниот дел на кинеската провинција Јунан за да пронајдат нови вируси кај лилјаците, особено оние од семејството корона и да спречат нови големи пандемии.
Питер Дажак, кој е ловец на вируси веќе 10 години, вели дека досега се идентификувани околу 500 нови коронавируси во повеќе од 20 земји, засновани на примероци од 15.000 лилјаци, а дека оној земен од 2013 година од пештера во Кина е можен предок на Ковид-19.
Дажак, кој е претседател на EkoHealth Alliance, невладина организација со седиште во САД, специјализирана за откривање на нови вируси и превенција од пандемија, додава дека наодите се пренесуваат во отворена библиотека на сите познати вируси кои напаѓаат животни, пренесува Си-Ен-Ен.
Врз основа на овие информации, научниците можат да предвидат кои видови најверојатно ќе се пренесат на луѓето и со тоа да го подготват светот за нови пандемии како што е сегашната пандемија Ковид-19.
Целта на студијата е да се идентификуваат нови вируси кои напаѓаат животни, вклучително и вирусот на корона, пред да преминат на луѓето.
Дажек проценува дека лилјаците носат до 15.000 коронавируси, од кои до сега се познати само неколку стотина.