ЛШ: ПСЖ му се одмазди на Баерн, Челси го исфрли Порто и покрај поразот

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на ПСЖ и Челси се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако ги елиминираа Баерн, односно Порто.

Баварците победија во Париз со 1:0, а Порто беше подобар со истиот резултат, но тоа не беше доволно за да се надополни заостанувањето од првиот натпревар.

Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите и покрај поразот од 1:0 од Баерн на реваншот во Париз.

„Светците“ ги елиминираа бранителите на трофејит благодарение на фактот дека постигнаа повеќе голови на гости на првиот натпревар (3:2).

На тој начин парижаните се одмаздија за минатогодишниот пораз во финалето од елитното натпреварување.

Во исто време тие се изборија за дуел со подобриот тим од натпреварот Борусија Дортмунд – Манчестер Сити (прв натпревар 1:2).

Слични содржини