ЛШ: Вардар на чекор од „Ф4“ по убедливата победа над ПИК Сегед

од desk4
129 прегледи

Екипата на Вардар го совладат ПИК Сегед со 31-23 (14-12) во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони и со тоа си обезбеди добра предност пред реваншот во Унгарија.

Тимот на Роберто Гарсија Парондо беше инспириран од неверојатната атмосфера којаја направија македонските навивачи во преполната „Јане Сандански“, играа креативно во нападот и покажаа агресивност во одбраната. Унгарците на неколку наврати успеваа да ја намалат резултатската разлика, но не и да поведат, ана крајот поразот е и повеќе од убедлив.

Карачиќ и Кристопанс со по 8 погодоци беа најпрецизни за вардарци, додека кај гостите се истакна Банхиди со 5 гола.

За тимот на Вардар ова беше последен натпревар во Скопје, а при позитивен резултат на гостински терен на 5 мај, „црвено-црните“ ќе си обезбедат пласман на „Фајнал Фор“ турнирот во Келн, закажан за 1 и 2 јуни во „Ланксес“ арената