
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер се подготвува да склучи петти граѓански брак со Корејка преведувачка, која е 26 години помлада од него. Ова стана јасно откако досегашниот брак се распадна, соопшти самиот тој денеска, а беше цитиран од Bild и од светските агенции.
73-годишниот поранешен германски лидер – кој поради бурниот личен живот и четири брака го доби прекарот „Човекот Ауди“, што по аналогија е метафора за четирите круга од амблемот на германскиот производител на автомобили – рече дека во текот на оваа година ќе се ожени за Ким СО Јен.
„Веќе се сретнав со нејзиното семејство“, рече тој на прес-конференција во Сеул, каде насмевнатиот пар се држеше за раце и тоа пред камерите.
„Свадбата најверојатно ќе се одржи на есен, а точното место и време ќе се утврдат понатаму“.

Ким Со Јен, која има 47 година, е претставник на Агенцијата за економски развој на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија во Сеул и работела како преведувачка на Шредер.
Нивната врска стана позната во септември, кога Дорис Шредер Копф, четвртата сопруга на поранешниот канцелар, рече дека таа е во процес на развод и дека Ким СО Јен е дел од причините за распадот на нивниот брак.
Во четвртокот Шредер велеше дека неговата идна сопруга нема ништо заедничко со разводот, но рече дека остатокот од животот ќе го помине патувајќи меѓу Германија и Јужна Кореја.
Тој истакна дека има необичен интерес за историјата, културата и уметноста на Јужна Кореја и се надевал да има повеќе можности да научи повеќе за Јужнокорејците и културното наследство на оваа земја. Шредер беше федерален канцелар од 1998 до 2005 година.