Во август многу знаци очекуваат турбулентни настани на љубовен план.
Некои ќе пронајдат нови љубови, некои ќе запловат во тајни врски, додека некои ќе уживаат во убави моменти со своите партнери.
Секако, следниот месец ќе биде полн со промени и интересни настани.
Овен
Слободните Овни овој месец ќе остварат контакт, за кој ќе има поддршка од планетите! Зафатените да се фокусираат на партнерот и да се научат на трпение. Не мора секогаш да реагирате на „прва топка“.
Бик
Дали зафатени или слободни, личност од минатото се враќа во вашиот живот и доаѓа со конкретен предлог. Без разлика на се, вие ќе ја исслушате и дури потоа ќе одлучите.
Близнаци
Во љубовта следат убави моменти со партнерот. Оние кои ќе одат на одмор овој месец ќе имаат магични моменти. Слободните преку пријател ќе запознаат личност која кај нив ќе разбуди голема страст.
Рак
Пред вас е период полн со турбуленции кога станува збор за љубовта. Не донесувајте конечна одлука пред септември. Слободните Ракови ќе имаат додворувачи, но никој нема да биде особено привлечен за вас.
Лав
Искористете го овој месец! Вашата самодоверба е на највисоко ниво. Оние кои имаат партнер ќе уживаат во љубовта, а оние кои се слободни ќе бидат неодоливи за спротивниот пол.
Девица
Некои Девици може да решат да се дистанцираат од партнерот поради конфликти во врската. Слободните Девици целото внимание го насочуваат кон работата, односно кариерата.
Вага
Слободните Ваги ќе бидат отворени за флерт. Уживате во заведување, но може да се случи да влезете во страсна забранета врска со личност од работа. Зафатените Ваги ја насочуваат својата енергија на работата, што навистина му пречи на партнерот.
Шкорпија
Дефинитивно ако не сте среќни во врската, ја прекинувате. Не мора на бурен начин, туку преку разговор. Слободните Шкорпии влегуваат во тајна врска со колега од работа.
Стрелец
Почетокот на месецот создава одбивност кај сите Стрелците кога љубовта е на пат. Ситуацијата се подобрува на крајот на месецот кога ќе станете нежни и романтични. Слободните можат да постигнат убав однос со личност која ја запознале преку работа.
Јарец
Задоволни сте со целокупниот живот. Нема поголеми случувања кога е љубовта во прашање. Уживате овој месец.
Водолија
За слободните Водолии ова е интересен месец. Љубовта доаѓа наеднаш и влегувате во врска. Без разлика колку сте ентузијасти, немојте веднаш да скокате во брак или заеднички живот. Ќе бидат зафатени со уживање во љубовта и мирниот живот.
Риби
Некои Риби се оддалечија од партнерите. Овој месец вашиот љубовен живот добива ново „одело“ и се почнува да се подобрува! Слободните Риби влегуваат во врска со близок бизнис партнер.