Луѓе јаделе од овие колбаси, а потоа починале (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Најмалку три лица починале, а неколку се заразени со бактерија од групата листерија, а нивната болест би можела да се доведе во врска со заразен колбас од германската покраина Хесен.

Во тие колбаси била откриена листерија, која може да предизвика смрт кај луѓе со слаб имунитет, па фабриката која ги произведува колбасите била затворена на почетокот на октомври со одлука на судот.

Во тек е истрага, која треба да покаже дали заразените лица навистина умреле затоа што ги консумирале спорните производи, или причината за инфекција е некоја друга.

Обвинителството исто така истражува дали има основа за кривично гонење на произведувачот поради заразеноста на производите. Обвинителството во Касел спровело истрага против директорот на фабриката поради убиство од небрежност.

Слични содржини