Луѓето со аутизам имаат неочекувана предност пред сите, излегува дека …

од desk4
171 прегледи

Научниците откриле дека луѓето кои страдаат од аутизам се поконзистентни во изборот на производи. Потрошувачите постојано се бомбардирани со секаков избор на производи, често дизајнирани да влијаат врз нивната одлука.

Но сега станува јасно дека луѓето кои имаат карактеристики на аутистичниот синдром всушност се доста добро заштитени од класичните маркетиншки трикови, пишува Science Alert. Познато е дека кога станува збор за обработка на информации и имплементација на различни когнитивни задачи, луѓето со аутизам се справуваат подобро кога треба да се апстрахираат однсоно да се оттргнат од надразнувачиот или нерелевантниот контекст.

“Луѓето со аутизам се фокусираат повеќе на детали и помалку на големата слика и сакавме да видиме дали оваа тенденција продолжува во задачи кои бараат решенија од повисоко рационално ниво”, објаснува Џорџ Фармер од Универзитетот во Кембриџ. “Излегува дека трендот дефинитивно останува”.