Луис Енрике остави бранител за тврда резерва

од desk3
95 прегледи

Десниот дефанзивец на Барселона Алејш Видал нема да игра често оваа сезона, соопштуваат шпанските медиуми.

Дефанзивецот остана на клупата на почетокот на сезоната, а според запознаени тоа нема да се случи и до крајот на првенството, освен ако другиот играч на функцијата Серхи Роберто не се повреди.

1473328016gettyimages-586416034

Видал имал разговор со тренерот Луис Енрике, кој побарал подобрување на формата од дефанзивецот. Во Шпанија потсетуваат дека со слични разговори беше наведен да си замине и Марк Бартра, кој веќе е играч на Борусија (Дортмунд).

Во летото Барса напорно бара десен бек за заменик на Даниел Алвес, но преговорите со неколку играчи не беа завршени.