Лукаку „турка“ да се врати во Интер

од Vladimir Zorba

Белгиската ѕвезда на Челси, Ромелу Лукаку стапил во контакт со директорите на Интер и изразил желба да се врати на „Џузепе Меаца“, откако бил подготвен драстично да ја намали својата плата за повторно да го облече дресот на „нероазурите“. Лукаку минатата сезона со Интер стана шампион на Италија, а потоа се пресели кај „сините“, но во Лондон работите за 28-годишниот напаѓач не испаднаа како што веројатно очекуваше. Лукаку има 12 гола на 34 натпревари во сите натпреварувања за Челси оваа сезона.

Според италијанскиот весник „Тутоспорт“, Лукаку е во контакт со Пјеро Аусилио и Бепе Марота, откако прашувал дали е можно да се врати во клубот. Подготвен е да ја намали платата за 50%, но за да биде возможен овој трансфер и Интер ќе треба да се раздели со дел од своите играчи, а досега во медиумите често се споменуваат две имиња: Стефан де Фрај и Лаутаро Мартинез.

Доколку Белгиецот се врати во Милано, најверојатно ќе се работи за изнајмување. Новиот сопственик на Челси тешко дека ќе сака така лесно да се раздели со Лукаку само една година по неговиот трансфер на „Стемфорд Бриџ“ и откако европскиот клупски шампион им плати 113 милиони евра на „нероазурите“.

Слични содржини