Лукаревска: Маричиќ е поборник за родова еднаквост и ги почитува жените

од Nikola Popovski

Познавајќи го Бојан човекот е поборник за родова еднаквост, силен поддржувач за унапредување на жената во политиката и тие лаги и инсинуации не одат во прилог на никого. Бојан ги почитува жените, различностите, и јас како и пратеничките од нашата партија го поддржувам, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во утринската програма на Канал 5 застанувајќи во одбрана на вицепремиерот Маричиќ по обвинувањата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ во утринската програма истакна дека со извитоперување на фактите не се прави добро на ниту една партија.

„Јас сум била во Собранието како пратеник. Говорницата е медиум којшто секој пратеник треба да ја користи да им се обрати на граѓаните или да отвори прашања од интерес на граѓаните, а не да ја злоупотребува“ истакна Лукаревска.

Слични содржини