Лукаревска: Не ни е потребна бела палата за да ги држиме сите на око од високо

од Nikola Popovski

Не градиме ѕидови од стиропор за да се криеме позади нив, ниту пак ни е потребна бела палата за да ги држиме сите на око, од високо. Не трпиме закани и уцени. Во нашата матрица се слободата, демократијата, отвореноста. Нема напредок со сеење страв и со изолација, надвор градиме партнерства и соработка, за да можеме да изградиме подобра иднина за сите, овде дома, вели потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска при посетата на Кавадарци.

Таа потенцира дека е намалена невработеноста на рекордно ниско ниво, зголемени се платите и пензиите.

-Ги поддржуваме младите да отворат сопствен бизнис, обезбедиме до сега најголема поддршка за земјоделците, изградивме и реновиравме 60 детски градинки, училишта, патна и комунална инфраструктура. Продолжуваме победнички, затоа што имаме план и го имаме најдоброто за секоја општина, рече Лукаревска.

Слични содржини